Американската комичарка Минди Калинг стана сопственик на куќата на Френк Синатра. Таа ја купи куќата на плажа во Малибу за цена од 9,95 милиони долари. Почетната цена изнесувала 12,9 милиони долари.
Куќата е опкружена со зеленило, а има и мал ретро базен, сауна, приватен балкон и фризерски салон. Идеална е за луѓе кои сакаат да избегаат од градот, за дружење и организирање вечери. Има и лифт, надворешен и внатрешен бар и предворје.
Френк Синатра и неговата сопруга Барбара ја уредиле заедно со дизајнерот Тед Грензбах во 1992 година. Минди вели дека куќата е идеална за некој кој не сака да оди на плажа и да се капе во океанот. Секогаш може да плива во базенот, кој речиси е неодолив дел од секоја куќа во Лос Анџелес.
Текстот (Галерија) Продадена е вилата на Френк Синатра е превземен од Reporter.mk.