(Галерија) Публиката од убост не застана, Каролина ја крена на нозе Филхармонија

Поп-ѕвездата Каролина Гочева вечерва заедно сo оркестарот на Македонската филхармонијата, направи вистиска концертна журка.

Во преполнаta сала во Македонската филхармонија каде се одржува концертот сите се на нозе. A, Каролина овој пат е во вистинско расположение. Пее од душа, не престанува да игра и со секоја следна песна коцертната забава станува уште поубава.

„Првпат пеам со Македонската филхармонија, не можам да опишам колку сум среќна што сум на сцената заедно со нив. Досега немаме пеено заедно на концерт“, рече Каролина.

Иако концертот почна со eмотивни песни, кога на моменти гласот почна да ѝ трепери, „Птицо малечка“ беше вистинско уживање да се слуша во салата.

Песната „Ѕвона“ ја пееја сите, а силни овации се слушнаа кога дојде на ред и евровизиската песна „Од нас зависи“.

Од публиката на сцената се појави и Калина, девојче кое ѝ подари цвеќе на пејачката. Калина дојде на сцената додека се пееше „Капка под небото“, па заедно на сцената со поп-ѕвездата играа и ја отпеаја песната.

Популарната „Ајде да летаме“ Каролина ја остави за крај на концертот. Публиката аплаудираше на нозе и уште еднаш покажа дека оваа песна е популарна и денес.

Каролина вечерва го одржа првиот од четирите закажни концерти. Следниот е утре, а потоа ќе пее и на 20 и 22 февруари.

Фото: Д. Перковски
Подготви: редакција Репортер.мк