(Галерија) Раперката Карди Би ја покажа вилата од 6 милиони долари

Американската раперка Карди Би и нејзиниот сопруг, раперот Офсет, се пофалија на социјалните мрежи со новата вила во Атланта која неодамна ја купиле. Двојката признала дека потрагата по новиот дом не била лесна.

„Офсет и јас баравме куќа изминатите две години. Куќите кои му се допаѓаа на мојот партнер, не ми се допаѓаа мене и обратно. Некои кои му се допаѓаа на него, имаа соби кои мене не ми се допаѓаа, а оние кои мене ми се допаѓаа, на него не му допаѓаа локациите. Дури и размислувавме за тоа да изградиме куќа, но со семејство тоа беше комплицирано. Со помош на агент за недвижности и мала помош од Господ ја најдовме нашата куќа“, напишала Карди Би на „Инстаграм“.

Во видеото раперката направи обиколка на луксузната вила која сеуште е неуредена. Единствено што се наоѓа во вилата е високиот бор, а Карди Би се пофали и со кујната, книжарницата, седумте спални соби, четири купатила, двор, базен и гаража. Во вилата наводно се наоѓа и вински подрум, но и колекција на пиштоли. Вилата вреди 5,7 милиони долари.

 

Текстот (Галерија) Раперката Карди Би ја покажа вилата од 6 милиони долари е превземен од Reporter.mk.