Еден ден пред Велигден, македонските јавни личности се пофалија дека биле вредни за празникот. Тие на социјалните мрежи објавија слики од јајцата што ги вапсале – раскошни со циркони, во разни бои, во вид на кактус, музички ноти, но и црвени јајца, какво што е традицијата. Слики од бојосаните јајца објавија Дарио, Биба Додева, Аделина Тахири, Катарина Ивановска, Драгана Клопчевска, Андријана Јаневска и многу други.
Фото: Инстаграм/Фејсбук
Текстот (Галерија) Раскошни, уникатни, црвени – Јавните личности се пофалија со велигденските јајца е превземен од Reporter.mk.