Вчеравечер познатите хип-хоп изведувачи Раста, Таско, Корона и Римски имаа концерт во “А1 Арената” во Скопје. Тие настапија пред нивните обожаватели, пред се тинејџери, но имаше и повозрасни во публиката.
Пејачите ги поздравија своите обожаватели, и концертот почна. Ред музика, ред играње… За жешката атмосфера се погрижи и публиката која во еден глас ги пееше омилените песни.
Публиката најмногу поддршка му даде на македонскиот хип-хоп пејач Христијан Тасковски – Таско, кој за Репортер.мк кажа дека после настапот во Охрид, ова за него е најголемиот концерт кој го имал во животот. И Раста направи топ журка.
Оргазантори на концертот беа „Балкан Медиа“.
Фото: Репортер.мк
Текстот (Галерија) Раста и Таско, тандемот кој растури во „Борис Трајковски“ е превземен од Reporter.mk.