Денес се омажи Јоана Деан Поп Христова, ќерката на актерот Кили поп Христов, а радосната вест семејството ја сподели на социјалните мрежи.
„Се мажи нашето бебе и ќе има бебе. Зет како мед, што знае да ја сака ќерка ми ангелска“, напиша Кили на „Фејсбук“.
Актерот објави и фотографии од венчавката на Јоана со нејзиниот сопруг Родригез Сориа Јосе Луис.
„Ете го доживеав и ова. Совршено сум пресреќен зашто им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш и знаеш да сакаш и сакаш да сакаш. Бебето ќе биде маестраелн производ на тоа силно сакање“, напиша Кили на „Фејсбук“.
Текстот (Галерија) Се омажи ќерката нa Кили, чекаат бебе е превземен од Reporter.mk.