(Галерија) Се омажи ќерката на Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја омажи ќерка си Бесијана. Таа и нејзиното момче Лабинот Беќири, со кого била во врска неколку години, се венчаа вчера, па направија веселба во еден познат гостиварски ресторан. Свадбената прослава започна пред неколку дена, а младенците ги следеа традиционалните обичаи, ама направија и модерна веселба. Највесел на свадбата бил собранискиот спикер, кој скоро цела вечер играл, велат извори за „Репортер“.

За свадбата Бесијана избра раскошна венчаница со вел и круна од познат дизајнер, а Лабинот носеше елегантен црн костум.

Бесијана има завршено Правен факултет и мастер студии на Универзитетот Кирил и Методоиј во Скопје. Таа е помалото дете на Џафери. Талат Џафери има и син кој се ожени во 2015 година. На неговата свадба тогаш запеа Али Ахмети, претседателот на ДУИ.

(А.Ј)

Текстот (Галерија) Се омажи ќерката на Талат Џафери е превземен од Reporter.mk.