Се омажи данската тенисерка со полско потекло Каролина Возњацки (28). Поранешната првопласирана тенисерка на WTA листата, се омажи за Дејвид Ли, поранешен НБА кошаркар. Венчавката ја направија во Тоскана пред 100 поканети гости, пријатели и семејството.
Во интимен амбиент на една винарија во еден од најубавите и наромантични делови на Италија, Каролина и Дејвид ги разменија заветите. Венчавката се случи во хотелот Castiglion del Bosco, во кој пред три години Кејт Аптон се омажи за бејзбол играчот Џастин Верландер.
Една од деверушите на Каролина беше и нејзината колешка Серена Вилијамс, а меѓу поканетите беа и НБА кошаркарот Пол Гасол и Харисон Барнс, тенисерката Анџелик Кербер, ѕвездата од американскиот фудбал Џеси Палмер и многу други.
Каролина носеше венчаница дизајнирана од Оскар де ла Рент, еден од најпознатите модни креатори во светот, чија специјалност се венчавките.
Ли ја запросил Каролина во 2017 година, две години откако се запознале преку заеднички пријател. По разочарувачките настапи на „Ролан Гарос“, и испаѓањето уште во првото коло од Вероника Кудерметова во три сега, во моментов 14. тенисерка во светот се подготвува за Вимбелдон.
Текстот (Галерија) Се омажи најубавата тенсерка во светот Каролина Возњацки за поранешна НБА ѕвезда е превземен од Reporter.mk.