(Галерија) Се омажи поранешната жена на Чарли Шин

Актерката Дениз Ричардс, поранешна жена на глумецот Чарли Шин, се омажи за своето момче Арон Фајперс, пишува магазинот „Пипл“. Свадбата се одржа во градина на приватен имот во Малибу, Калифорнија. На венчавката присуствуваа блиски пријатели на двојката, актерите Робека Ромијн и Џери Коноли, но и неколку жени од реалното шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“ во кое Дениз учествува две години. Невестата до олтарот ја одведоа нејзините три ќерки, Сем, Лола и Елоиз.

Невестата беше облечена во краток фустан со кристали и долг вел, а младоженецот избра бела кошула и крем панталони.

„Младенците сакаа овој ден да е опуштен, забавен“, рекол портпарлот на 47-годишната глумица за „Пипл“.

Дениз и Арон беа во врска од декември 2017 година.

Ова е втор брак на Ричардс. Претходно, од 2002 до 2006 година таа беше мажена за актерот Чарли Шин. Чарли, наводно бил поканет на свадбата, но не дошол. Од бракот со Шин, таа ги има ќерките Сем и Лола, а Елоиз ја посвои откако се разведе од него.

 

Текстот (Галерија) Се омажи поранешната жена на Чарли Шин е превземен од Reporter.mk.