Поп – пејачот Александар Белов денес се венчаше со неговата долгогодишна девојка Јелена Станковиќ, која е од Крагуевац, Србија. Венчавката беше во манастирот „Дивостин“ во Крагуевац, каде дојдоа нивните најблиски.
Гости пристигнаа и од Македонија. На венчавката се вееше македонското и српското знаме. Младенците ги испочитуваа и македонските и српските обичаи.
Белов беше облечен во тегет костум, а венчаницата на Јелена имаше вел на кој беше навезена срма. Белов и Јелена неодамна се верија во Македонија, а тие веќе подолго време живеат во Србија.
Тој Јелена ја побара за жена пред манастирот „Свети Наум“ во Охрид.
„Со Јелена веќе две години живееме заедно во Крагуевац, па затоа и свадбата одлучивме да ја направиме тука. Планиравме да ни дојдат многу гости од Македонија, мои пријатели, роднини…. Свадбата ќе биде според српските обичаи и ќе трае два дена“, изјави Белов за Репортер.
Подготви и фото: Редакција Репортер
Текстот (Галерија) Се ожени Александар Белов, српска венчавка под македонско знаме е превземен од Reporter.mk.