(Галерија) Се ожени ракометарот Филип Кузмановски, раскошна свадба под отворено небо

Македонскиот ракометар, Филип Кузмановски, денеска се ожени со својата девојка Моника Игнова. Свадбата ја правеа во Битола, под отворено небо. Невестата носеше венчаница со голо рамо што ја следи линијата на телото, а Филип избра елегантен тегет костум. Меѓу гостите на свадбата беше и ракометарот Дејан Манасков, кој е братучед на Моника.

Филип (23) и Моника (25) се верија во јуни, а тој ја побара за жена додека правеше роденденска забава за своето семејство и најблиските пријатели.

Филип веќе неколку години настапува за македонската репрезентација и игра на позицијата лев бек. Тој карирата ја почна во „Пелистер“, оттаму се пресели во „Металург“, па играше и за „Еурофарм Работник“. Од оваа сезона Кузмановски е член на тимот на „Магдебург“ во германската бундеслига.

Фото: Инстаграм

 

Текстот (Галерија) Се ожени ракометарот Филип Кузмановски, раскошна свадба под отворено небо е превземен од Reporter.mk.