Куќата на Беверли Хилс во која додека биле во брак живееле глумците Џенифер Анистон и Бред Пит е на продажба. Се продава по цена од 56 милиони долари.
Изградена е во 1930-те години, располага е со 1.115 квадратни метри, четири спални соби, теретана, базен, тениско игралиште…Расошниот објект се наоѓа на имот од 4.800 квадратни метри. Анистон и Пит ја купиле оваа куќа за 13, 1 милиони долари, ја реновирале, додале приватна кино-сала, мермерен под за греење во кујната и барска просторија со впечатливи столици донесени од 200-годишниот стар замок во Франција.
Сегашниот сопственик, инвеститорот Џонатан Брукс, ја купил куќата во 2006 година, веднаш откако Џенифер и Бред се развеле.
Внатрешноста на куќата е уредена со чисти линии, големи прозорци, дрвени подови и камен. Од огромната дневна соба се излегува на базенот. Терпезаријата пак, собира 20 луѓе, а кујната е во духот на класичниот дизајн со црно-бели мермерни плочки.
Текстот (Галерија) Се продава куќата во која живееја Бред Пит и Џенифер Анистон е превземен од Reporter.mk.