(Галерија) Се собра екипата на „Беверли Хилс“, почнува снимањето

Дел од оргиналните ликови на култната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“ се сретнаа пред неколку дена во студиото на Си-би-ес да разговараат за нови епизоди од серијата, пишува порталот „Џаст џеред“ на кој се објавени и слики од средбата.

Според нив, студиото Си-би-ес сака да сними неколку сезони од најпопуларната серија на ’90-тите. Наводно Џени Гарт (Кели), Тори Спелинг (Дона), Џејсон Присли (Брендон), Јан Зеринг (Стив), Брајан Остин Грин (Дејвид) и Габриел Картерис (Андреа) веќе потврдиле дека ќе бидат дел од новото продолжение, но засега нема одговор од Лук Пери (Дилан) и Шенон Доерти (Бренда).

Оргиналната серија ја креираа Дарен Стар и Арон Спелинг. Таа се прикажуваше од 1990 до 2000 година. Потоа, беше снимено продолжение со други ликови, но таа не го повтори успехот на оригиналната серија.

 

Текстот (Галерија) Се собра екипата на „Беверли Хилс“, почнува снимањето е превземен од Reporter.mk.