Бразилската манекенка Алесандра Амбросио и нејзиното момче, Николо Оди, се на одмор во Нерано, Италија. Папараците ја сликаа двојката додека се бакнуваат и галат во кану среде море, а медиумите што ги објавија сликите од нивниот одмор пишуваат дека Алесандра и Николо изгледаат вљубени како да се на почеток на врската.
Амбросио и Оди се гледаат повеќе од една година. Претходно, од 2005 до 2018 година, таа беше во брак со Џејми Мазур со кого има две ќерки.
Текстот (Галерија) Секси Алесандра Амбросио се забавува со дечкото во Италија е превземен од Reporter.mk.