Скопје вечерва звучи светски. Лени Кравиц растура на сцената. Општа хипноза, оти сè е нестварно добро. Одлична свирка, моќна, прецизна, речиси студиски совршена. Секси рок, заради кој публиката како да е во друга димензија.
Звукот чист и јасен, а Лени Кравиц брилијантен на сцената.
“Вчера си поминав одлично во вашиот град. Се шетав со луѓе, пиев, јадев со нив. Почувствував многу љубов во Македонија. Среќен сум што сум тука”, рече 50 годишниот Лени на сцената во ВИП Арената Борис Трајковски.
Дека е опасен фраер кој не глуми ѕвезда, покажа и вечерва кога се прошета во публикта и им го направи ќеифот на сите кои вечерва уживаа во неговиот перформанс.
Неверојтна енергија. А, откако ги стана сите на нозе за да има, како што вели, подобра конекција, со песната Together ја испрати пораката за љубовта. Вечерва е шема да си на концерт на Лени, оти Скопје звучи светски.
Организатор на концертот е “Авалон”.
Подготви: редакција Репортер.мк
Фото: Д. Перковски
Текстот (Галерија) Секси рок го крена Скопје на нозе, Лени е опасен фраер е превземен од Reporter.mk.