Шенки Маслани, познат како Шенки Версаче од Арачиново, кого јавноста го знае по љубовта кон модниот бренд „Версаче“, неодамна беше на настап на српската пејачка и старлета Сандра Африка. Тој, според гостите во клубот, откачил по пејачката, се забавувал и не штедел пари кога ќе му се погодела песната. Неколку слики од настапот на Сандра Африка се споделуваат и на социјалните мрежи.
Инаку, тој на почетокот на годината беше домаќин на српската пејачка Рада Манојловиќ во неговиот клуб. Српските медиуми тогаш пишуваа дека Шенки неколку илјади евра за Рада да пее во Скопје.
За потсетување, бизнисменот од Арачиново, кој вели дека се збогатил продавајќи автомобили, толку многу го сака брендот „Версаче“, што носи исклучиво нивна облека, а логото на овој бренд го има во неговата куќа, во базенот, на автомобилите што ги вози…
Текстот (Галерија) Шенки Версаче откачи по Сандра Африка е превземен од Reporter.mk.