Три генерации на семејството Крафорд се појавија на хуманитарниот настан “Women’s Guild Cedars-Sinai Luncheon’“ во Лос Анџелес. Светскиот модел Синди Крафорд доби поддршка од нејзината мајка Џенифер Маки и ќерка ѝ Каја Гербер, кога ја прими наградата за нејзините достигнувања од страна на организацијата Women’s Guild.
За оваа пригода, Синди се одлучи за тесно здолниште во теракота нијанса и црна блуза со разголени рамења. Нејзината 18-годишна ќерка беше облечена во нежен бел фустан.
Светските медиуми пишуваат дека Каја се посамоуверено чекори по стапките на мајка ѝ и веќе важи за еден од најбараните и најпопуларните модели во светот.
Текстот (Галерија) Синди Крафорд со мајка ѝ и ќерката по награда: Три генерации жени во семејството на славната манекенка е превземен од Reporter.mk.