Со сопругот Душко Тошиќ, ќерките Ника и Атина, српската пејачка Јелена Карлеуша вчера го прослави 41. роденден. Забавата се одржа во познат белградски ресторан. Јелена беше облечена во бел фустан и носеше сина перика. На малата, но луксузна журка, дојдоа и нејзините пријатели, пејачките Ана Бекута, Мира Шкориќ, Дара Бубамара. Пред крајот на забавата, пејачката ги дувна свеќите на црната „Версаче“ торта на четири ката.
Според српските медиуми, сопругот Душко дошол од Кина специјално за роденденот на Јелена. Тој за 41. роденден на пејачката ѝ подари скап автомобил „тесла“, кој го платил 140.000 евра. „Со поклонот покажа дека ѝ простил за секс-скандалот“, пишуваат медиумите.
Популарната пејачка цел ден претходно објавуваше слики и видеа од роденденските честитки и подароци што ги доби од пријателите и обожавателите. Таа роденденот го почна со настап во Врњачка бања – на полноќ фановите ѝ запеаја „среќен роденден“, а таа ја наведна главата и се расплака пред нив. Пред роденденот Јелена во порака на „Инстаграм“ откри дека ова ѝ е најтажниот роденден, прв што ќе го слави без својата покојна мајка Дивна.
(Видео) Ниту изненадувањето од илјадници фанови не ја расположи Карлеуша за роденденот
Текстот (Галерија) Скапа кола од сопругот и црна „Версаче“ торта – Карлеуша го прослави роденденот е превземен од Reporter.mk.