Поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ за Денот на вљубените, ѝ купи јахта на сопругата Лепа Брена, пишуваат црногорските медиуми. Познатата двојка празникот на љубовта го прослави во Херцег Нови, каде што Брена вчера одржа концерт. Тие на дождот се шетаа по пристаништето во градот, а потоа разгледуваа јахти.Според медиумите, Боба веднаш дал капар за една од јахтите што ѝ се допаднала на Брена. Тие веќе имаат една јахта со која пловат често на јадранското приморје.
Но, освен јахтата, вниманието на јавноста го привлече и облеката на пејачката. Таа во Херцег Нови се шеташе по тренерки и патики, и носеше бела бунда. Многумина коментираа дека ваквиот стил не ѝ пролега дури ни на неа, имаше и коментари дека Брена секогаш изгледа совршено, што и да облече.
Текстот (Галерија) Со бунда и патики по нова јахта – Боба Живојиновиќ ѝ купи подарок на Брена за Денот на вљубените е превземен од Reporter.mk.