Вчеравечер во МКЦ „Суперхикс“ прослави 25-годишнина од првиот настап. Енергично, со многу емоции и позитивна енергија, тие се вратија на корените и се потсетија на првата свирка одржана во „Доорс“ во Дебар Маало 1994 година.
„Раде“, „Африка“, „Глупави песни“ и сите останати песни од репертоарот на „Суперхикс“ го размрдаа МКЦ, а публиката од сите возрасти пееше и играше заедно со популарниот бенд.
По повод 25-годишнината од првата свирка, „Суперхикс“ пред неколку дена ја промовира и својата нова песна „Модерна љубов“.
Текстот (Галерија) „Суперхикс“ го размрда МКЦ е превземен од Reporter.mk.