Презентераката на вести и поранешна Мис Македонија, Татјана Стојановска, повторно му се врати на манекенството. Таа неодамна сними фотосесија за познат бренд за бунди. Сликите направени во природа, во есенски амбиент, Тања ги сподели на своите профили на социјалните мрежи, па доби бројни комплименти за изгледот.
44-годишната Татјана пред дваесет и пет години беше една од најбараните манекенки и модели кај нас. Таа ги рекламираше најпопуларните брендови во Македонија, снимаше фотосесии и учествуваше на ревии. И денес понекогаш се појавува како модел на хуманитарни ревии.
Јавноста првпат ја запозна Тања во 1992 година, кога победи на првиот избор за Мис на Македонија по осамостојувањето на земјата. Во 1997 година таа се омажи со фолк-пејачот Благоја Грујовски, со кого го доби синот Матеј. Двојката се разведе по десет години брак.
Текстот (Галерија) Татјана му се враќа на манекенството е превземен од Reporter.mk.