(Галерија) Вечната романтика на Ерос вечерва донесе многу љубов во Скопје – Незаборавен концертот на италијанскиот шармер

Дека е мајстор за романтика, ама и за добра концертна журка, Ерос Рамацоти вечерва ја разгоре љубовта во Скопје. Италијанската музика има посебен шмек. Уште кога се појави на сцената публиката го дочека со овации и аплауз.

По неколку отпеани песни, италијаски пејач и се обрати на публиката на македонски, велејќи: “Здраво, како сте? Фала ви што дојдовте, уживајте во забавата”.

И навистина ова е топ забава, на која нема повеќе жени од мажи. Пата-пата е. Популарниот Италијанец уште еднаш потврди дека е миленик на жените, откако се симна да ги бакнува во публиката. Добро расположен, Рамацоти постојано играше, трчаше од еден до друг крај на бината, мавташе со рацете, праќаше бакнежи…

Ерос и овој пат покажа дека во време на елетронската музика и модерните хитови, секогаш на сцената е романтичен. Тој и понатаму го носи епитетот мајстор за романтични песни. Озвучувањето е одлично, а Ерос во живо звучи како да пее на цеде.

Во свој манир ги изведе добро познатите песни кои низ сите овие години не можат да паднат во заборав, но и од последниот албум Fuoco del Fuoco, Un Altra Te, Se Bastasse una Canzone, Musica e, најголемиот хит Code de la Vita… Организатори се Авалон продукција. Коцертот на Ерос е во склоп со неговата турнеја Vita Ce N’e.

Подготви: Репортер.мк

Фото: Д. Перковски

 

 

Текстот (Галерија) Вечната романтика на Ерос вечерва донесе многу љубов во Скопје – Незаборавен концертот на италијанскиот шармер е превземен од Reporter.mk.