Два дена пред концертот поп-пејачот Влатко Лозаноски реши времето да го помине во кафулето „Амбрела“, каде направи вистинска музичка забава. Се дружеше со фановите кои беа дојдени, во еден глас се пееја сите песни од Лозано. Вистниска журка со многу насмевки. Без предрасуди, без негодувања, оти во кафулето „Амбрела“ веќе неколку месеци гостите ги служат лица со попреченост. А и на забавата со Лозано меѓу гостите имаше и лица со попреченост, кои уживаа во музиката со Лозано, но и се сликаа со него.
„Ти благодариме Влатко за присуството, предизвика многу искрени насмевки и ти посакуваме уште многу големи хитови како овие досега“, велат од „Амбрела“, првото кафуле во Скопје во кое гостите ги служат лица со попреченост. Покрај Лозано, во кафулето настапува често и Сузана Туринџиева.
Лозано во моментов се подготвува за својот прв голем концерт во Скопје, што ќе се одржи на 23 март во арената „Борис Трајковски“. Организатор на концертот е „Авалон“.
Текстот (Галерија) Забава без предрасуди, Лозано измами насмевки кај лицата со попреченост е превземен од Reporter.mk.