Францускиот дизајнер Жан Пол Готје ја одржа својата последна модна ревија. На спектакуларното шоу, што се одржа синоќа во театарот Шателе во Париз, негови креации носеа Ирина Шајк, Дита фон Тиз, Аманда Лир, Карли Клос, Бела и Џиџи Хадид, Јасмин Ле Бон и Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, на која ова ѝ беше прва модна ревија.
На ревијата со која стави крај на својата 50 годишна кариера, Готје потсети на славните моменти од своето минато, а испрати и порака за иднината, велејќи дека е важно да се рециклира и повторно да се користат истите материјали во модната индустрија.
„Од повеќе од 200 креации видени вечерва, само педесетина беа комплетно нови. Остатокот беше мешавина од стандардни производи, работи што сум ги купил во Кина“, рече Готје.
Како млад дизајнер, тој често посетувал улични пазари барајќи носени парчиња облека на кои потоа им давал нов изглед. Готје често ја критикуваше модната индустрија затоа што прави премногу отпад, особено луксузните брендови кои спалуваат свои производи. Готје ќе остане запаметен по својата ексцентричност, по корсетот со конуси што го дизајнираше за Мадона во 1990те, по парфемите со специфичен мирис, но и по унисекс моделите кои ги носеа и мажите и жените во целиот свет.
Текстот (Галерија) Жан Пол Готје се прости од модата, ја одржа последната ревија во Париз е превземен од Reporter.mk.