Поранешната холивудска двојка Бен Афлек и Џенифер Гарнер биле видени како се расправаат среде улица, пред нивните соседи, пишуваат светските медиуми. Двојката имала жолчна расправија само еден ден по „Денот на благодарноста“, кој го минале заедно со нивните деца.
Џенифер била видена како изнесува некои работи од куќата и ги става во џипот. Двајцата беа во брак повеќе од 10 години. Се разведоа во јуни 2015 година, а во меѓувреме Гарнер постојано му помагаше на својот поранешен партнер да го надмине проблемот со алкохолизмот.
Таа го носеше и на рехабилитација во болница во Малибу.
Текстот (Галерија) Жолчна расправија на Бен Афлек и Џенифер Гарнер среде улица е превземен од Reporter.mk.