„Гандалф“ го бакна и запроси „Пикард“ на црвениот тепих

Легендарните актери и најдобри пријатели, Патрик Стјуард и Јан Мекелен, се бакнаа во Лондон за време на премиерата на новиот филмски серијал „Ѕвездени Патеки: Пикард“, а потоа Мекелен клекна ѝ го запроси својот колега. Двајцата имаат долга историја на симпатични заеднички појавувања на црвениот тепих.

Претходно истото го направија во 2015 година, кога двајцата колеги од филмскиот серијал „Икс-мен“, се појавија на премиерата на филмот „Господин Холмс“, во која Мекелен, инаку ЛГБТ активист, го глумеше Шерлок Холмс.

Сè почнало кога Стјуард му го средувал шалот на Мекелан, а потоа на репортерите им приредија вистинско шоу на црвениот тепих. Нежно се држеа за рака па се бакнаа во уста. Потоа Мекелан клекна на ендото колено и го запроси најдобриот пријател.

 

Текстот „Гандалф“ го бакна и запроси „Пикард“ на црвениот тепих е превземен од Reporter.mk.