„Ганс енд роузис“ тужи пиварница од Колорадо

Пиварницата „Оскар блуз“ од Колорадо произведува пиво со името на „Ганс енд роузис“ иако на никој начин не соработува со нив. Затоа членовите на бендот сметаат дека нивните фанови ќе бидат доведени во заблуда и ќе мислат дека имаат некаква поврзаност со пивото и поднесоа тужба во која велат дека пиварницата нема право да остварува приход и да продава производ и да го користи нивното име и углед.

Членовите на бендот бараат исплата на штета за злоупотреба на авторските права и исплата на правните трошоци. Пиварницата „Оскар Блуз“ засега нема коментар на тужбата. Пред да бидат тужени, од од пиварницата се обиделе да го лиценцираат името, но членовите на бендот не им дозволиле. Од пиварницата имаат план да го произведуваат пивото со името на бендот до март 2020 година.

 

Текстот „Ганс енд роузис“ тужи пиварница од Колорадо е превземен од Reporter.mk.