Легендарниот тапанар Гаро Тавитјан вчера ловеше риба на Вaрдар, на мостот зад Влада, во близина на култната кафеана „Кај Жабар“. И додека стрпливо чекаше со јадицата во вода, до него застана случаен минувач, кој го препозна и го праша „Гаро, гризe ли рибата?“. Не е тајна дека Гаро често оди на рибарење, особено на кејот, кој е често свртилиште на рибарите од Скопје.
Гаро Тавитјан е познат како еден од најдобрите тапанари во Македонија. Тој беше најстариот член на групата „Леб и сол“, а по распадот на групата го основаше составот „Парамециум“ во кој членуваат и неговите синови Диран и Гаро. Освен како тапанар, тој во неколку песни се појави и како пејач. Една од тие песни е „Распукала Шар Планина“.
(А.Ј)
Текстот Гаро, гризe ли рибата? е превземен од Reporter.mk.