Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл нема да се венча со својата долгогодишна девојка Ема Рис Џонс. Бејл ја откажа свадбата што требаше да се случи летово во еден италијански дворец, бидејќи тој и Ема се соочиле со големи семејни проблеми, пишува британски „Сан“. Тие пишуваат дека по шест години таткото на Ема излегол од затвор и дека таа сега прави се за да му помогне да се врати на нормалниот живот. Таткото на Ема бил осуден за измама со пари, откако се докажало дека украл скоро 3 милиони долари.
Герет и Ема се во врска од средношколските денови. Тие имаат три деца, ќерките Албу и Наву и синот Ексла. Според изворот на таблоидот, двојката сепак ќе се венча, но дури догодина.
Текстот Герет Бејл ја откажа венчавката е превземен од Reporter.mk.