Балканската ѕвезда Емина Јаховиќ иако денес живее во луксуз, имала сиромашно детство. Нејзините родители, иако лекари, не заработувале многу, па во времето на кризата, дури и доматите им биле луксуз.
„Моите татко и мајка немаа наследство, а како лекари не беа меѓу богатите. Се сеќавам кога повеќе или помалку сите луѓе во Србија живееја напорно, кога доматите ни беа луксуз. Јас како дете, во некои ситуации ги гледав децата на соседите како јадат киндер-јајца, гумени бомби и чоколадни пуканки, а ние немавме ни за леб… Сето ова беше неостварливо за мене во моето детство. Во време на криза и војната, мајка ми чуваше во замрзнувачот млеко и јогурт, ги чуваше за „црни денови“. А бев мало девојче, кое сака фустани, но секогаш ги носев оние од мојата постара сестра“, рекла пејачката за српски „Експрес“.
Емина денес е една од најбогатите пејачки на Балканот, а живее во еден од најбогатите делови на Истанбул, Турција.
Текстот Ги гледав децата како јадат киндер-јајца, а ние немавме ни за леб – Емина за сиромашното детство е превземен од Reporter.mk.