Легендарниот гитарист Влатко Стефановски доби две награди на Златна бубамара, за албумот „Мајчин јазик“ и за концерт на годината.
Стефановски на сцената ги спомена својата почината сопруга и братот Горан Стефановски, кој го изгуби на крајот од минатата година.
„Ги загубив сопругата и брат ми, ама наградите се за моте деца“, рече познатиот гитарист. Музичарот наградите ги посвети на својата ќерка Ана и синот Јан.
Влатко на сцената го повика својот син со кого ја отсвиреа македонската народна песна „Учи ме мајко карај ме“. Одличната атмосфера во салата ја исполнија групата „Танец“ и хорот “Мирче Ацев”.
Редакција: Репортер
(Галерија) Дупка у публика, една карта пренесена во Будимпешта, почна Бубамара за отруени граѓани
Текстот Ги загубив сопругата и брат ми, ама наградите се за моите деца, рече Влатко Стефановски па одекна на сцената “Учи ме мајко, карај ме” е превземен од Reporter.mk.