Босанскиот глумец и водител Драган Маринковиќ – Маца во интервју за „Балкан инфо“ првпат јавно откри дека неговата сопруга Јована минатата година била бремена со тројки, но дека ги загубила сите три бебиња на почетокот на бременоста. Тој овој период го нарече „најболното време во неговиот живот“.
„Многу ѝ се восхитувам на Јована. Убаво е кога имаш партнер во кого си сигурен, многу ја почитувам. Пролетта 2018 година, таа беше бремена. Имавме три бебиња и се беше во ред. Но во јули ги загуби сите три деца. Многу тешко ја поднесе загубата, неа тоа ѝ беше прва бременост. Затоа избегавме од луѓето неколку месеци. Секоја чест за неа! Мене ме погоди, а можам само да замислам колку тешко ѝ беше на неа“, раскажал Маца во интервјуто.
Маца за многумина е еден од најдобрите босански глумци, а освен како актер, во регионот се прослави и како водител на многу музички и квиз-шоуа, но и со своите стенд-ап комедии.
Текстот „Ги загубивме трите бебиња“, босанскиот глумец раскажа за најтешкиот период во животот е превземен од Reporter.mk.