Гитаристот и композитор Стефан Петановски го промовира својот деби албум наречен Architect of Reality. Младиот музичар, кој предава гитара во училиштето „Ентерпрајз“, вели дека албумот е дел од поголем соло проект.
„Овој албум е најискрениот и најпрецизен начин на кој јас можам да се искажам како уметник и претставува вистински опис на мојот стил како композитор, музичар и гитарист. Ова е инструментален албум во кој доминира гитарата, а може да се определи како прогресивен рок и метал албум“, рече Стефан.
На албумот гостуваат гитаристите Дамир Пух, Пелумб Ќерими и Виктор Захариев. Албумот сорджи 12 песни од кои 10 се напишани во текот на изминатите 2 години, а последните две песни се создадени во периодот додека го снимал албумот.
„Овие две песни се едно големо парче музика кое трае малку повеќе од 20 минути, а ги поделив на два посебни дела. Овие две песни се производ на некои нови свежи идеи што ги имав и ги додадов во албумот само за да можам да го доловам целосното мое музичко патување до сега“, додава тој.
Стефан свири гитара од 7 години. Во 2016 година со Стефан Митев, Александар Јарчевски и Филип Мирчевски го формираше бендот „Спектрум“, со кој пред една година го издаде својот прв албум наречен „Хирает“.
Текстот Гитаристот Стефан Петановски промовира деби албум е превземен од Reporter.mk.