Вчеравечер на сцената на „Долни сарај“ во Охрид пред повеќе од 1.000 посетители беше претставен проектот NUMB – Tribute to Pink Floyd. Музичари од Охрид и Струга осум месеци ги подготвуваа најголемите хитови на култниот бенд, а публиката со нив ги пееше Shine on your crazy diamond, Learning to fly, Hey you, Another brick in the wall и уште 12 безвременски хитови на култните Pink Floyd.
Песните ги пееше Ѓоко Танески, а во проектот учествуваа и Анатоли Aрнаудоски (гитара), Димитри Алчев (гитара и вокал), Владимир Кречоски (бас гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Никола Јосифоски (клавијатури), Горан Папаз (саксофон) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.
Текстот Ѓоко Танески ги пееше најголемите хитови на Пинк Флојд е превземен од Reporter.mk.