Ѓоко Танески стана магистер

Поп-пејачот Ѓоко Танески стана магистер по туризам. Тој објави неколку фотографии и се пофали „ Отсега со м-р“. Магистратура Танески ја одбрани на Факултетот за туризам и менаџмент во Скопје, на тема „Културното наследство и културните манифестации во функција на туризмот“.

Тој пред неколку месеци ги бранеше тезите на својата магистерска работа, а сега пред четиричлена комисија од факултетот го одбрани и магистерскиот труд.

Таневски веќе подолго време е на музичката сцена, а во 2010 година ја претставуваше Македонија на Евросонг во Норвешка.

Текстот Ѓоко Танески стана магистер е превземен од Reporter.mk.