Вториот дел на „Гладијатор“ ќе се случува 25 години по дејството што беше раскажано во оригиналниот филм од 2000 година, што го режираше Ридли Скот. Филмот се работи според сценариото на Питер Крег, кој е автор и на продолжението на „Топ ган“.
Сѐ уште не се познати многу детали за филмот кој беше најавен лани, освен што продуцентите Волтер Ф. Паркс и Лори Мекдоналд открија дека работат со Скот и Крег.
„Работиме на приказната која ќе се случува 25 години подоцна“, изјави Паркс.
Оваа изјава се надоврзува на претходните написи во медиумите дека приказната ќе се фокусира на Луциус, синот на Лусила и внук на Комодус, ликови што во оригиналниот филм ги играа Кони Нилсен и Јоакин Феникс.
Текстот „Гладијатор 2“ ќе се случува 25 години по дејството на оригиналот е превземен од Reporter.mk.