Глен Клоуз вели дека не сака да добие Осакр од сожалување и дека доколку и оваа година не ја добие престижната награда, пред камерите само ќе изјави дека сè чувствува добро.
Глен за многумина е фаворит за добивање на Оскар во конкуренција на најдобра актерка за филмот The wife. Досега 71 годишната Глен шестпати била номинирана за престижната награда, но не ја добила ниту еднаш.
Една од нејзините најпознати улоги е ликот маркиз де Мертеј во филмот „Опасни врски“ од 1988 година. Тогаш била номинирана за Оскар во категоријата за најдобра актерка.
Годинешното 91 свечено доделување на Оскар, Наградата на американската Академија на филмски уметности и науки, ќе биде одржано на 24 февруари, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.
Текстот Глен Клоуз не сака Оскар од сожалување е превземен од Reporter.mk.