Неколку глумци од хит-серијата „Игра на тронови“ сами се номинирале за наградата Еми, откако тоа не го направи мрежата „Ејч-би-о“ која ја продуцираше серијата. Меѓу нив се Гведнолин Кристи, Алфи Ален и Карис фон Хаутен.
Гвендолин во серијата го глумеше ликот на Бриен од Тарт. Таа на Твитер ја објави својата апликација заедно со честитката што ја добила од организаторите дека е номинирана. Таа ќе конкурира за наградата „најдобра споредна женска улога во драмска серија“, во категоријата во која „Ејч-би-о“ ги номинираше Лена Хиди (Серси Ланистер), Мејзи Вилијамс (Арја Старк) и Софи Тарнер (Санса Старк).
Ален (Теон Грејџој) сам се номинираше за „најдобар спореден актер во драмска серија“, награда за која ќе се борат и неговите колеги Питер Динклиџ (Тирион Ленистер) и Николај Костер-Валдау (Џејми Ланистер), додека Фон Хаутен (црвената свештеничка) се пријавила во категоријата „најдобра актерка-гостинка во драмска серија“.
Според „Холивуд рипортер“, ова не е невообичаено, а за да се аплицира, потребно е да се уплатат 225 долари.
Наградите Еми ќе бидат доделени на 22 септември во Лос Анџелес.
Текстот Глумците од „Игра на тронови“ за 225 долари сами се номинирале за наградата Еми е превземен од Reporter.mk.