Глумицата Хилари Хит почина од коронавирус

Од коронавирус почина глумицата Хилари Хит, пишуваат светските медиуми. Таа почина на 74-годишна возраст, а веста за нејзината смрт ја споделил Алекс Вилијамс, на кого Хилари му била кума.

„Ја изгубивме нашата прекрасна кума Хилари. Работеше на филмови со Хју Грант, Алан Рикман и Гери Олдман. Како психолог работеше со пациенти ширум светот, често бесплатно и со цел нивните стресни животи да ги доведе во ред. Тажен сум што веќе ја нема“, напишал Вилијамс.

Хиларија пред една недела се тестирала и била позитивна на коронавирус. Фановите најмногу ја паметат по нејзината улога во филмот „Оркански висови“, каде што глумеше со Тимоти Далтон.

 

Текстот Глумицата Хилари Хит почина од коронавирус е превземен од Reporter.mk.