Глувци ја избракаа кралицата Елизабета од Бакингамската палата

Кралицата Елизабета ја напушти Бакингaмската палата заради проблем со глувци и стаорци, пишува британски „Сан“. Таа некое време ќе живее надвор од дворот, додека експерти не го решат проблемот со ширењето на глодарите.

Инвазијата на глувци и стаорци почнала пред неколку дена, а кујнскиот персонал се пожалил дека виделе неколку глодари во кујната. Тие повикале служби за дератизација и дезинфекција. Но, извор близок до кралското семејство за „Сан“ рекол дека персоналот е навикнат да гледа мали кафени глувци во палатата и дека овој проблем ќе биде тешко да се реши оти трае со години.

Портпаролите на Агенцијата за контрола на штетници признале дека глодарите станале имуни на отровите што ги користат во такви случаи и дека ќе им треба подолго време да го решат проблемот со глодарите.

Текстот Глувци ја избракаа кралицата Елизабета од Бакингамската палата е превземен од Reporter.mk.