Смртта на Оливер Драгојевиќ предизвика силни реакции во Србија. Повеќето се простија од пејачот на достоинствен начин, но има и такви кои пишуваа одвратни шеги. На некои од коментарите кои ги затекна на порталите, реагирал актерот Никола Којо.
„Значи ли тоа дефинитивно дека нема да одржи концерт во Беград“, прашал еден од читателите.
Друг му одговорил: „Хахахахахха, еден ден ќе одржи“. „Сега има оправдување“, додал трет.
„Вакво ѓубре живее покрај вас. Мислите за тоа. Збогум прекрасен Оливр, без разлика од која вера и нација си“, прокоментирал Којо.
Ovakvo smeće živi pored vas. Mislite o tome.. Zbogom divni Olivere, koje god da si vere i nacije. pic.twitter.com/fFofeq9dV6
— Nikola Kojo (@NikolaKojo2) July 29, 2018
Неговиот коментар собрал повеќе од 1600 лајкови, но и бројни критики за оние кои не му простиле на Оливер што не сакал да одржи концерт во Србија.
Текстот Гнасни шеги на сметка на смртта на Оливер Драгојевиќ е превземен од Reporter.mk.