Поранешната пејачка Искра Трпева веќе подолго време не е на мзичката сцена. Таа откако остана бремен и се породи со ќерката Ангела, целосно се повлече од јавноста и се посвети на мајчинството. Денес работи како професор во музичко училиште. Неодамна таа сподели семејна фотографија на Фејсбук, каде напиша дека ќеркичката Анѓела е “се” во нејзиниот живот.
Анѓела во јуни наполни седум години, а Искра повеќе од десет години, е во брак со поранешниот фудбалер, а сега професор по физичко воспитување, Благоја Арсовски.
Пред девет години пејачката се соочи со животна трагедија кога го изгуби синот Петар. Сепак, ќерката Анѓела, успеа да ја врати нејзината насмевка, изјавила во една пригода Искра Трпева.
Текстот Го изгуби синот, но ќерката Ангела и ја врати насмевката е превземен од Reporter.mk.