Глумицата Елизабет Мекговерн е свесна дека Бред Пит им е привлечен на многу жени и дека во љубовните сцени одлично се снаоѓа. Таа сега открива дека таа го научила како да се бакнува и колку влијаела на него за тоа каков каков маж ќе биде денес.
Тие заедно глумеле во филмот „Услуга“ од 1994 година, а во една сцена страсно се бакнале.
Сега Елизабет гостувала кај глумицата Kели Кларксон и се присетила на жешката атмосфера за време на снимањето на филмот. Кларксон ја прашала дали некогаш го бакнала Бред Пит, а таа одговорила дека морала поради работата.
„Kаква прекрасна работа. Постојат и поодвратни работи за зарабoтување за живот. Го направив човек каков што е денес, сè научи да бакнува благодарение на мене“, вели Елизабет.
По улогата во тој филм Бред бил две години во врска со Гвинет Палтроу, а Елизабет е во среќен брак со режисерот Симон Куртис, со кого има две ќерки.
Текстот „Го научив Бред Пит да се бакнува“, открива глумицата Елизабет Мекговерн е превземен од Reporter.mk.