Пејачката Гоца Тржан призна дека им завидува на жените што имаат големи, убави силиконски гради. Но, вели, тоа чувство го има само во лето, пред да оди на одмор. „На жените со силикони им завидувам еднаш годишно: кога треба да купам костим за капење,“ напиша таа на „Твитер“.
Со ова пејачката ги изненади фановите, бидејќи постојано вели дека „нема нешто вештачко на себе“, но признава дека неколкупати ставила ботокс меѓу веѓите.
„Правам гримаси додека пеам и тоа ужасно ме нервира, па сакав да ги намалам линиите. Правам и третман со радиобранови за кревање на лицето. Од парите што ги имам дадено за нега на кожата ќе можев да купам стан“, рече пејачката во едно интервју за „Блиц“.
Гоца вели и дека е свесна за своите мани, ама дека и покрај тоа никогаш не би ставила силикони.
„Не сум во филм дека сум совршена, но не сум ни лоша. Имам родено. Имам огромен стомак бидејќи бев крупна трудница. Тоа го прифаќам како реалност и воопшто не се трудам да изгледам подобро или поубаво од тоа што сум,“ вели таа.
Текстот Гоца Тржан им завидува на жените со силикони е превземен од Reporter.mk.