Српската пејачка Гога Секулиќ со помош на најсовремен тест за бременост „Veracity“, кој го направила пред пет дена во една приватна лабораторија во Нови Сад, открила дека со својот вереник Урош Домановиќ ќе добијат син.
Нејзините пријатели од клиниката кој го застапуваат „Veracity“ во Србија, на креативен начин и приредиле на Гога и Урош изненадување, така што направиле краток цртан филм и на тој начин им ги откриле резултатите од тестот.
Пејачката и спортистот видео снимката ја добиле на домашна адреса во Цирих. Затоа што во прашање е момче, во цртаниот филм се појавуваат ликови кои ги носат имињата на идните родители, како и сини балони, огномет и конфети, нешто што и го открило полот на бебето.
„Не можам да ви опишам како се чувствувам во моментов. Плачам од среќа. Урош и јас сме пресреќни. Најважно ни е детето да е здраво, а за полот искрено ни е сеедно, иако, Урош беше за тоа да имаме син“, изјавила Секулиќ.
Текстот Гога Секулиќ и нејзиното момче ќе добијат син е превземен од Reporter.mk.