Гога Секулиќ ќе се породи за околу еден месец, а сега на јавноста и го обелодени името кое го одбрала за нејзиното бебе. Иако истото не му се допданало на нејзиниот сопруг Урош Домановиќ, сепак Гога се решила за Вучиќ.
Предлозите се менувале, но сепак едно име кое и било познато на фолкерката било фаворит. Иако Гога никогаш не била член на ниту една политичка партија, пејачката е голем симпатизер на актуелниот претседател на Србија Александар Вучиќ, по кого и синот сака да го носи неговото име.
Презимето на актуелниот претседател на Србија Александар Вучиќ претставува симбол за моќ и победа.
„Ми се допадна Вучиќ, затоа што тоа е соодветно со Домановиќ. Ми звучи моќно, но мојот избраник има некои свои предлози. Во секој случај, ќе мора брзо да се одлучиме за едно име, затоа што породувањето се ближи и времето непрекинато тече. Едно е сигурно, јас ќе го изгирам своето, барем ќе дадам се од себе за да го истуркам ова име“, вели Гога Секулиќ.
Гога е активна трудница, па пред крајот на осмиот месец од бременоста снимила и спот за новата песна „Хотел“.
Текстот Гога Секулиќ ќе го крсти синот по претседателот Вучиќ е превземен од Reporter.mk.