Голите фотографии на Северина Којиќ со кои пејачката крена голема прашина во јавноста, се појавија на порно сајтови кои објавуваат фотографии на славни личности, пренесуваат хрватските медиуми.
Први за скандалот почнаа да пишуваат српските таблоиди кои ги објавија целосно, без никаква цензура, голите фотографии на Северина. Хрватскиот печат и сајтови беа дискретни. Тие пишуваа дека веројатно станува збор за друга девојка која го ззвземала местото на пејачката со цел да и наштети на имиџот.
Скандалот откако ги обиколи мрежите на Балканот, излезе и надвор од границите на поранешна Југосславија. За Северина пишуваше и австриски „Хојте“, кој исто така ги потсети читателите за порно скандалот на Северина во 2004 година, кој низ остатокот на Европа одекна пред нејзиниот настап на Евровизија во 2006 година.
Австриски „Космо“ отиде и чекор понатаму пренесувајќи ја изјавата на менаџерот на Северина Александар Петровиќ кој за објавените фотографии, го обвини поранешниот нејзин сопруг Милан Поповиќ. Српскиот бизнисмен на овој начин се одмаздил за изгубените судски спорови кои ги води со Северина околу старателството на нивниот син.
И Словенците пишуваа за голите фотографии на Северина, наведувајќи дека и по 14 години по скандалот со порно снимката, пејачката повторно доживува слична судбина.
Текстот Голите фотографии на Северина завршија на порно сајтови е превземен од Reporter.mk.