Иако до сега постојано се пишуваше дека Адријана и Горан Алачки иако разделени добро се согласуваат, сепак се чини дека не е така. Познатиот хармоникаш, кој неодамна откри дека е во љубов со новинарката и водителка Марина Дојчиновска, во писмо што наводно самиот го испратил до одредени медиуми ѝ упати директна порака на својата поранешна сопруга Адријана Алачки со која беше 25 години во брак и со која има две деца.

Со својата девојка Марина-Горан Алачки
„Презимето Алачки не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга, која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме. Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку, таа никогаш не била Алачки туку Алачка во сите исправи и во пасош… Ви благодарам!“, стои во изјавата на Горан што ја пренесе порталот „Свет Австралија“.
Текстот Горан Алачки во војна со поранешната сопруга Адријана е превземен од Reporter.mk.