Познатиот балкански режисер Емир Кустурица, повеќе од 25 години води дневник во кој говори за конфликтите со својот некогашен пријател и кум Горан Бреговиќ.
Кустурица во дневникот открива и како настанал планетарниот хит „Месечина“ и дека го направиле заедно со Бреговиќ во Прага.
„Дојде Бреговиќ кај мене за да преслушаме некои касети од трубачи. Ги пуштаме песните да се вртат во круг, па од две традиционални и двајцата создаваме една и така настанува „Месечина, месечина, јој, јој“. Песна која сметавме дека ќе ја пее измамениот народ во подрумите. Вештината на Бреговиќ беспоговорно да слуша што јас му сугерирам е неверојатна“, тврди Кустурица.
„Записите во книгата немаат намера да одговорат на прашања, ниту да разрешат некои големи дилеми. Се се случило од потребата јас да просведочам за времето во кое живеам и да оставам трага на оние кои во иднина проверуваат дали сето ова било потребно“, пишува Кустурица во воведот на неговата книга.
Текстот Горан Бреговиќ ја украл песната „Месечина“ од Емир Кустурица е превземен од Reporter.mk.