Горан Бреговиќ денес е еден од најистакнатите музичари. Сепак, иако има сè што сака, Горан се сеќава на детството во кое не било така.
„Целиот мој живот имам страв од сиромаштија. Тоа не е како кај нас, кога сте на улица, немате тетка да одите на ручек, немате вујко да позајмите пари. Војна е и во војната сте изгубиле сè што сте имале во еден ден. Долго време се плашев од сиромаштија. Гледајќи наназад, од страв купував премногу работи. Пред војната имав куќи, станови, бродови, автомобили. Сега веќе не се грижам за себе, имам деца и го имам истиот страв и за нив“, рече Бреговиќ во интервјуто за списанието „Стори“ и додаде дека поради стравот, се обидува да ги обезбеди и децата.
„Прилично доцна ги добив ќерките, па кога сте помлад, најверојатно не размислувате да имате мали деца кои рано може да останат без родители. Како постар се обидувате да се грижите за нив повеќе отколку помладите родители. Би сакал да знам, ако умрам, дека тие се обезбедени„, рекол Бреговиќ за „Стори“.
Текстот Горан Бреговиќ: „Во војната го изгубив богатството“ е превземен од Reporter.mk.